речник контакт

Убиство во Велес?

Пронајдено машко тело во дворот на Гимназија. Иденитфикуван е како Јован Цилаков

Петар Печков

Попладнево околу 17 часот во дворот на велешката Гимназија е пронајдено машко тело на  лице на возраст од околу 90 години. На местото на  настанот се полициски увидни екипи и јавен обвинител. Засега нема официјални информации  на  настанот.   Него го  пронашла жена која минувала низ паркот. 

Минував низ паркот кога видов тело на   земја. Отидов и видов дека лежи, беше повредено на главата, со многу крв. Се исплашив и  побарав помош од еден човек кој беше близу. Многу непријатна глетка. Беше возрасен маж -  вели велешанка Вера Миџова која го пронашла лешот.

Тој е во дворното место на Гимназијата близу до оградата од новата црква. Околу него  имало доста камења а едно поголемо парче  кое  било крваво.

Близу до главата на човекот имаше голем камен, кој во е ден дел беше крвав. Главата на старецот беше многу повредена, како да беше удирана со каменот. Не  можеше да се препознае, толку беше лоша сликата . Викнав врза помош, дојде  докторката му пипаше пулс, на даваше знаци на живот и му ја  покри главата со бела ткаенина – вели сведокот Иван   Радичев.

За него е чудно што телото било подалеку од клупа каде тој најверојатно седел и таму се наоѓал бел машки шешир. Блиските на починатиот кои го идентификувале велат дека станува збор за Јован Цилаков. Полицијата ги потврди настанот.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »